Русија доби и втора жена-милијардерка

Сопственичката на интернет-мрежата за размена на стоки Вајлдберис, Татјана Бакалчук стана втората жена-милијардерка во Русија, јави „Форбс“.

 

Таа е инаку наставничка по англиски јазик, а компанијата ја основала во 2004 година, заедно со сопругот.  Нивните услуги се достапни во Русија, во Белорусија, во Казахстан, во Киргистан и во Ерменија.

 

Годинава, со својата вредност од 1,2 милијарди долари, мрежата го зазеде четвртото место на листата најскапи фирми во Русија, по „Јандекс“, „Mејл.ру груп“ и „Авито“.

 

Минатата година прометот на компанијата порасна за 72 отсто и достигна 118,7 милијарди рубљи (еден долар = 65,5 рубљи).

 

Првата милијардерка во оваа земја е претседателката на компанијата „Интеко менаџмент“, Елена Батурина. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.