Средба Цакај – Могерини: Одлучност во унапредвањето на процесот за интеграција на Албанија

Албанскиот министерот задолжен за Европа и надворешни работи, Гент Цакај во Брисел се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

 

Цакај високо го оцени придонесот на Могерини за поттикнување на напредокот на Албанија кон членството во Европската унија, посебно нејзината значајна улога во поддршката на европската перспектива на регионот.

 

– Минстерот Цакај ја потврди одлучноста на албанската Влада да продолжи со темпото на реформите со цел да ги консолидира одржливите резултати на европската агенда што ќе овозможи отворање на разговорите за членство во ЕУ. Тој оцени дека одлуката за почеток на преговорите ќе даде нов импулс не само за нашата земја туку и позитивна динамика за целиот регион, се наведува во сопштението од Министертвото за надворешни работи.

 

Могерини ги поздрави досегашните достигнувања во петте приоритети поставени од Европската унија, особено во областа на правдата.

 

– Могерини покажа интерес за последната ситуација во Албанија и ја нагласи потребата за политичка зрелост и национална одговорност во овој клучен период на процесот на интеграција, се наведува во соопштението.

 

Двајцата соговорници се согласија да ја интензивираат соработката во текот на следните месеци, со цел да се постигне приоритетната цел на Албанија за отворање пристапни преговори за членство во ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.