Во Индија 89 лица починаа од илегален алкохол

Најмалку 89 лица починаа откако се пиеле токсичен, домашно произведен алкохол, во североисточниот дел на индиската држава Асам, а околу 200 други се хоспитализирани, изјави денеска официјален претставник на индиската Влада.

 

Пред две недели, повеќе од 100 луѓе починаа во северна Индија откако пиеле токсичен алкохол.

 

– На секои 10 минути добиваме информација за жртви, пријавени од различни места. Досега, околу 200 луѓе се во болници, а многумина од нив се во критична здравствена состојба, изјави асамскиот министер за здравство Бисва Сарма.

 

Смртни случаи од нелегално произведен алкохол е честа појава во Индија, каде што многу луѓе немаат пари да купат алкохол.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.