Орбан моли да не го исклучат од ЕНП

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писма до европските политичари, кои побараа исклучувањето на неговата партија "Фидес" од Европската народна партија, иако се извини за навредливиот говор, но сепак сака да ги задржи политичките позиции, пренесоа агенциите.

 

Портпаролот на владата рече дека таквите писма биле испратени до сите 13 партии кои се обединија околу предлогот.

 

Повод беа државни билборди против претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и финансиерот Џорџ Сорос.

 

Тие вклучуваат наводни активности на ЕУ за олеснување на имиграцијата, како што се полесен пристап до визи или доделување пари на имигранти.

 

Според Европската комисија, овие изјави се "теорија на заговор". Брисел се обиде да ја побие кампањата.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.