„Ер Њу Зиланд" откажа најмалку 17 летови од Крајстчрч поради безбедносни причини

 Новозеландскиот национален авиопревозник „Ер Њу Зиланд" откажа најмалку 17 летови кон и од градот Крајстчрч, истакнувајќи дека не може да спроведе безбедносни проверки на патниците и нивниот багаж.

 

Авиопревозникот соопшти дека летовите на некои помали авиони кои патуваат регионално се откажани, додека поголемите авиони ќе продолжат со слетување и полетување согласно безбедносните проверки кои веќе постојат.

 

Всушност, патниците во помалите турбопропелерски авиони кои патуваат до или од Крајстчрч не поминуваат низ сигурносни проверки и можат да влезат директно во авионот.

 

„Ер Њу Зиланд" соопшти дека безбедноста на клиентите и вработените им е најважна и се извини поради непријатноста.

 

Во нападот во Крајсрчрч, што го изведоа четворица напаѓачи, според последните информации, загинаа 49 лица, а повеќе од 20 се потешко ранети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.