All for Joomla All for Webmasters

Париз бара Лондон да достави „јасен" план за Брегзит

Британската Влада треба да достави „јасен" план во врска со нејзините идеи за Брегзит, пред одржувањето на Самитот на ЕУ предвиден за идната недела, соопшти денеска Елисејската палата.

 

– Без разјаснување на позициите не е можно решение, се наведува во соопштението на Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Според Елисејската палата, ако сегашниот Договор за Брегзит биде дефинитивно отфрлен од страна на британскиот Парламент, Лондон ќе треба да понуди „јасен и алтернативен план" за истапувањето од ЕУ или во спротивно Велика Британија ќе треба да ја напушти Унијата без договор.

 

Реакцијата на Париз следи откако синоќа Долниот дом на британскиот Парламент со 412 гласа „за" и 202 „против" го усвои предлогот на Владата на премиерката Тереза Меј за одлагање на истапувањето на Велика Британија од ЕУ за по 29 март.

 

Со Одлуката се предвидува Брегзитот да се одложи до 30 јуни, доколку Долниот дом до 20 март го одобри Договорот за британското истапување од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел.

 

Доколку, пак, до 20 март пратениците и по третпат не го одобрат Договорот, британската Влада ќе бара подолгорочно одлагање на Брегзитот, но ЕУ ќе мора да се согласи со барањето и да ги постави условите за тоа. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.