Најскапи градови во светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур

Најскапи градови во светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур, кои на листата на весникот „Економист“ го делат првото место.

 

Според трошоците за живеење во 133 градови ширум светот, овие три градови ја делат првата позиција, што е првпат во 30-годишната долга историја на анкетирања спроведени од страна на „Економист“.

 

Истражувањето ги споредува цените на секојдневните намирници, како што е лебот, а потоа се следи дали цените се зголемиле или намалиле и се споредуваат со трошоците за живот во Њујорк, кој се користи како референтна вредност.

 

Париз од 2003 година е меѓу десетте најскапи градови и е „исклучително скап” за живот, наведува авторот на извештајот.

 

Просечната цена на женска фризура, на пример, во Париз изнесува 119,04 долари, во споредба со 73,97 долари во Цирих и 53,46 долари во јапонскиот град Осака.

 

– Европските градови имаат највисоки цени за домаќинство, лична нега, рекреација и забава, а Париз е во овие категории добар претставник, вели авторот.

 

Зад Сингапур, Париз и Хонг Конг се наоѓаат Цирих, Женева, Сеул, Копенхаген, Осака, Сеул, Њујорк, Тел Авив и Лос Анџелес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.