Состанок Макрон, Си, Меркел и ЕУ во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне  со кинескиот претседател Си Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел и претставник на ЕУ, на 26 март во Париз, со цел да разговараат за мултилатералните односи меѓу Европа и Кина, изјави синоќа претставник од француското претседателство.

 

Тој рече дека разговорите ќе се фокусираат на трговијата, климата и односите меѓу Кина и Европа.

 

– Тој состанок е првиот чекор, истакна официјалниот претставник и додаде дека состанокот може да помогне во поставување на основа за конкретни резултати на претстојниот самит ЕУ-Кина, кој треба да се одржи на 9 април во Брисел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.