ОН го осуди Израел поради убиство на 189 демонстранти во Појасот Газа

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права го осуди Изреал поради употреба на „незаконска и смртоносна прекумерна сила“ врз учесниците на минатогодишните протести во Појасот Газа, кога беа убиени 189 Палестинци, а ранети повеќе од 6.100 лица и повика сторителите на насилството да се соочат со правни последици за своите дела.

 

Тој форум на ОН во Женева усвои Резолуција за одговорност, која ја предложи Пакистан во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).

 

Европските држави гласаа различно, а САД не сакаа да учествуваат во гласањето.

 

Резолуцијата е заснована на извештај на ОН, во кој се наведува дека израелската војска на минатогодишните протести, кога беа убиени 189 лица, а ранети повеќе од 6.100, можеби сторила воени злосторства и злосторства против човештвото.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.