Северна Кореја се врати во Канцеларијата за врски во Јужна Кореја

 Северна Кореја денеска ги врати официјалните претставници во меѓукорејската канцеларија за врски која се наоѓа во севернокорејскиот пограничен град Кесонг, поништувајќи ја одлуката за повлекување што Пјонгјанг ја донесе пред два дена, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.

 

Министерството соопшти дека групата од четири-пет севернокорејски службеници пристигнала во канцеларијата за врски утрово, истакнувајќи дека „вообичаено" стигнале на работа.

 

Во соопштението се наведува дека двете страни одржале консултации и дека ќе „продолжат да ја водат канцеларијата како и до сега".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.