Бела чума во 15 црногорски општини
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 19 Април 2019
Во 15 црногорски општини минатата година е регистриран негативен природен прираст, пред се во северниот дел на државата, покажуваат прелиминарни податоци на Управата за статистика.
Весникот „Дан“ пренесува дека единствен град кој има позитивен природен прираст во северниот дел на земјата е Рожаје.
Во Црна Гора минатата година се родени 7.260 граѓани, а починале 6.494, што значи дека на државно ниво природниот прираст изнесувал 766, што е најмало зголемување на бројот на жители на Црна Гора во историјата.
За споредба, природниот прираст во 1991 година изнесувал 5.636, што е седум пати повеќе од минатата година.
Единствен град кој се издвојува кога станува збор за позитивниот природен прираст е Подгорица, каде лани биле родени 2.714 бебиња, а починале 1.714 лица, што значи дека природниот прираст изнесува 1.000.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс