Врховниот суд на Мјанмар ја потврди пресудата за новинарите на Ројтерс

Врховниот суд на Мјанмар денеска ја отфрли жалбата на двајцата новинари на Ројтерс осудени на седум години затвор за кршење на законот за државна тајна.

 

– Тие се осудени на седум години затвор, пресудата останува на сила, а жалбата е одбиена, рече врховниот судија Сое Наинг, без да даде детали.

Новинарите Ва Лоне (33) и Кјав Сое (29) се осудени во септември минатата година поради прекршување на Законот за официјални тајни за собирање и добивање доверливи документи. Тие се во притвор повеќе од 16 месеци откако беа уапсени во декември 2017 година.

 

Лоне и Сое тврдат дека двајца полицајци им предале документи во ресторан во северен Јангон, непосредно пред да бидат уапсени од други припадници на полицијата. Еден полициски сведок изјави дека тоа било замка за новинарите.

Ва Лон и Кјав Сое за агенцијата Ројтерс прибираа докази за злосторствата на безбедносните сили во 2007 година во селото Ин Дин, кога се убиени десет Рохинџи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.