Трамп: Ким сака да се ослободи од само две нуклеарни постројки

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му рекол дека сака да отстрани само едно или две од петте нуклеарни постројки во таа земја.

 

– Напуштајќи го Самитот во Хамој му реков на Ким, што е многу важно, е дека тој не е подготвен за договор, бидејќи сака да се ослободи од само една или две постројки, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

 

– Северна Кореја има пет постројки. Прашав што со преостанатите три. Тоа не е добро, изјави Трамп.

 

Самитот во Ханој, одржан на крајот на февруари, пропадна откако Трамп и Ким не успеаја да ги надминат несогласувањата околу денуклеаризацијата на Северна Кореја и олеснувањето на американските санкции. Од тогаш и билатералните преговори се во застој.

 

Трамп потенцира дека не биле спроведени нуклеарни проби и тестирање на проектили со долг дострел за време на дипломатските напори на неговата администрација. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.