„Алиталија" откажа над 300 летови поради штрајк

Италијанската авиокомпанија „Алиталија” откажа повеќе од 300 летови поради штрајк на пилотите и стјуардесите, соопшти авиопревозникот.

 

– Поради 24-часовниот штрајк што го објавија некои италијански синдикати на вработените од тој сектор, што се одржува на 21 мај, „Алиталија” е принудена да откаже половина од летовите за овој датум, се прецизира во коминикето.

 

Над 300 летови – главно домашни и меѓународни, се откажани, а некои од нив биле во распоредот за синоќа, а други се предвидени за утре рано изутрина. Во исто време штрајкуваат и вработени во неколку аеродроми во Италија





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.