Огромен пожар беснее на Халкидики! Мала видливост на патот од Солун до Неа Муданија

Во областа Каламици се запали шума и сува трева и предизвика голем пожар на вториот крак на Халкидики - Ситонија во соседна Грција. Гори се, а огнот постојано се зголемува, известува Прототема и thestival.gr.

 

14 пожарни и 24 пожарникари веќе се ангажирани во борбата против пожарот, а се очекува да пристигне специјализиран авион за гаснење на огнената стихија.

 

Возачите пишуваат на социјалните мрежи дека видливоста на патот од Солун до Неа Муданија е мала. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.