Tрамп утре објавува службена кандидатура за втор мандат

Во Орландо на Флорида утре се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да објави службена кандидатура за втор мандат, јави Си-Ен-Ен.

 

Оперативниот шеф на кампањата Мајкл Гласнер вели дека за тој „историски“ собир се „бара билет повеќе“. Трамп тврди дека јакне американската економија, армијата е се посилна и државата има се поголем углед.

 

– Пред три години беше поверувано кога зборуваше дека сите други не се во право, па ќе следува истиот инстинкт верувајќи дека може пак да победи во 2020 година, изјави политичкиот аналитичар Лари Сабато од Универзитетот во Вирџинија.

 

– Тоа можеби не е добра стратегија, но Трамп не е способен да го смени насоката, додава тој.

 

Иако кампањата службено почнува утре, поранешната ријалити ѕвезда и трговец со недвижнини, не престана со кампања од 2016 година кога во трката влезе со театрално спуштање низ златни подвижни степеници во Трамп Тауер во Њујорк.

 

Тие степеници станаа митски елемент во приказната на Трамп поради што неговиот зет Џаред Кушнер дури размислува сцената повторно да ја повтори во кампањата за изборите во 2020 година, објави Њујорк тајмс.

 

Наместо тоа, Трамп ќе биде во Амвеј центарот во Орландо каде може да се соберат 20.000 луѓе, во сојузната држава Флорида чии 29 електорски гласови може да му помогнат да остане во Белата куќа со нов мандат како претсретел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.