Американска колумнистка го обвини Трамп дека сексуално ја злоупотребувал

Американска колумнистка го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека сексуално ја злоупотребувал во продавница во Њујорк пред повеќе од две децении, објавија светските агенции.

 

Во статија во Магзаинот Њујорк, објавена во петокот, Џејн Керол известува дека во 1995 година случајно се сретнала со Трамп, познат магнат на недвижен имот во тоа време, во продавницата на Бергдорф Гудман. Според Керол, која сега има 75 години, Трамп ја препознал по нејзината работа зашто била позната по колумната за лични совети и ја замолил да го советува за тоа што да купи... Идниот претседател на истата средба сексуално ја злоупотребил.

 

Таа не го пријавила случајот порано од страв од јавно понижување.

 

Извештајот на колумнистката е извадок од нејзината нова книга во која раскажува за шест случаи кога била нападната од мажи.

 

Трамп ги отфрли тврдењата на Керол и изјави дека никогаш не ја запознал во неговиот живот, и дека книгата треба да и се продава на штанд за белетристика". Досега Трамп е обвинет за сексуално вознемирување на повеќе од десетина жени, но тој ги негираше сите тврдења.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.