ЕУ: Прекин на разговорите со Турција поради „илегално“ дупчење кај Кипар

Европската унија на одредено време ќе ги прекине разговорите на високо ниво со Анкара, како и преговорите за договорот за воздушен сообраќај, а ќе ги замрзне и финансиските средства наменети за Турција за следната година, поради „илегалното“ дупчење на морското дно во потрага за гас и нафта покрај брегот на Кипар.

 

Тоа се наведува во предлог соопштението во кое имале увид западните медиуми, додавајќи дека за заедничката одлука на ЕУ, чија конечна одлука може да биде изменета во меѓувреме, денеска ќе расправаат земјите членки на Унијата на состанок во Брисел, со цел соопштението да биде усвоено в понеделник кога ќе се сретнат министрите за надворешни работи на државите од европскиот блок.

 

– Поради континуираните и нови илегални активности на Турција поврзани со дупчењето, ЕУ да ги суспендира преговорите за Сеопфатниот договор за воздушен сообраќај и се согласува одредено време да не одржува состаноци за дијалозите кои се водат на високо ниво, пишува во соопштението.

 

Во него стои и дека „Советот (ЕУ) го поддржува предлогот на Европската комисија за намалување на предпристапната помош за Турција за 2020 година и ја повикува Европската инвестициска банка повторно да го разгледа давањето кредит за Турција, пред се кога станува збор за задолжување на турската држава на пазарот на хартии од вредност“.

 

Исто така, се наведува дека ЕУ ќе биде подготвена за воведување уште порестриктивни мерки доколку Турција продолжи со дупчењето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.