Иран и порача на Америка дека го следи секое движење на нејзини бродови во Перискиот Залив
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Јули 2019
Командантот на иранската морнарица адмирал Хосеин Казади соопшти дека постои голема архива за секојдневно движење во Персискиот Залив.
– Иран ги следи сите бродови на САД во регионот на Заливот и има архива со снимки за нивното секојдневно движење, рече Казади и додаде дека Техеран ги следи „сите непријателски бродови, особено американски, чекор по чекор од нивното место на поаѓање до нивниот влез во регионот“.
Тој информира дека снимките се прават со беспилотни летала.
Иран и САД минатиот месец беа на раб на војна откако Исламската Република собори американско беспилотно летало, што за малку ќе предизвикаше напад од одмазда кој американскиот претседател Доналд Трамп го откажа во последна минута.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс