Во Париз најтопол ден во изминатите седум децении

Точно во 13:36, во Париз беше соборен рекордот на највисоко измерена температура во сенка со 40,6 Целзиусови степени  според Метео-Франс. Тие најавија дека живата на термометарот ќе се зголеми на 42 степена попладнево во Париз, јави дописникот на МИА од Франција.

 

Претходниот рекорд беше „стар“ повеќе од 70 години, а 41 Целзиусов степен веќе беа измерени во 13:42 во Париз-Монтсури, потврди  Метео-Франс.

 

Од почетокот на мерењата во 1873 година, температурата во Париз само еднаш надминала 40 Целзиусови степени на 28 јули 1947 година (40,4 Целзиусови степени).

 

Метео-Франс предвидува дека денешната температура ќе достигне до 43 ° C во регионот на Париз.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.