Доналд Трамп и Борис Џонсон работат на нов договор за слободна трговија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и новиот британски премиер, Борис Џонсон, веќе почнале да работат на договор за слободна трговија, кој ќе биде многу поголем отколку што би било можно членството на Велика Британија во ЕУ.

 

Коментарите дојдоа откако Трамп го побара Џонсон да му честита за новата функција. "Ние веќе работиме на трговски договор", изјави Трамп за новинарите. "И мислам дека ова ќе биде многу важен трговски договор, знаете дека можевме и до сега да направиме три до четири пати поголем договор со Велика Британија, всушност сме оневозможени од нивните односи со Европската унија. И мислам дека можеме да направиме три до четири или пет пати повеќе отколку што правиме", рече Трамп, цитиран од светските агенции.

 

Американскиот претседател го опишува Џонсон како "добар човек, мој добар пријател", додавајќи дека "тој ќе биде добар премиер".

 

"Даунинг стрит" потврди дека разговорите меѓу двајцата лидери се одржале во петокот вечер и дека ќе се состанат на Самитот на Г7 во Биариц, Франција следниот месец.

 

Канцеларијата на премиерот, исто така, рече дека Трамп ја изразил својата заложба за "амбициозен договор за слободна трговија", а со официјални разговори почнува "што е можно побрзо откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ".

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.