Меркел: Потребно е да се најде мирно решение за Хонг Конг

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е потребно да се најде мирно решение за ситуацијата во Хонг Конг.

 

– Мора да се направат сите напори за да се спречи насилството и рашение да се пронајде преку дијалог, рече Меркел пред новинарите.

 

Според неа, дијалогот треба да се води врз основа на Основниот закон за Хонг Конг од 1997 година, кој гарантира поголема слобода на жителите.

 

– Правата, вклучително и слободата на мислење и владеењето на правото, имаат долга традиција во Хонг Конг, рече германската канцеларка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.