Интензивна програма на самитот на Г7 во Биариц

Противниците на Г7 најавија и за денеска протести, од кои вчера дел беа проследени со насилство.

 

 

Околу тркалезната маса се најдоа лидерите на Г7 Емануел Макрон, Доналд Трамп, Шинѕо Абе, Џузепе Конте, Доналд Туск, Борис Џонсон, Џустин Трудо и Ангела Меркел.

Првата денешна работна сесија е посветена на стратешката и безбедносната агенда, како и на меѓународната економија. Потоа лидерите ќе имаат билатерални меѓусебни средби, по што ќе бидат официјално примени претставниците на меѓународните организации поканети да учествуваат во Г7. Меѓу нив, Антонио Гутереш, генералниот секретар на ООН или Рикардо Азеведо, генералниот директор на СТО.

Работниот ручек е предвиден во конференцискиот центар во Белви, кој како тема ќе ја има координацијата на меѓународните организации во борбата против нееднаквостите. 

Попладнето претседавачот со Г7 Емануeл Макрон ќе има средби со неколку африкански шефови на држави и личности; непосредно пред работната сесија посветена на афирмативната програма во полза на жените во Африка.

Францускиот претседател доцна попладнето ќе  ги прими австралискиот, шпанскиот и индискиот премиер, како и чилеанскиот претседател. За 20 часот е планирана традиционалната официјална фотографија на седумте шефови на држави или влади на земјите од Г7, по што ќе биде приредeна завршната вечера што ја приредуваат Емануел и Брижит Макрон во хотелот ди Пале за своите гости.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.