Најмалку четворица авганистански војници загинаа при бомбашки напад во Кабул

Најмалку четири војници загинаа при напад на бомбаш-самоубиец врз база на авганистанските специјални сили на периферија на Кабул, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

 

Во нападот повредени се тројца војници.

 

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид презеде одговорност за бомбашкиот напад.

 

Денешниот инцидент е најнов напад откако американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина американско-талибанските преговори.

 

Два талибански автомобили-бомби експлодираа во Кабул минатата недела, при што загинаа неколкумина цивили, двајца членови на НАТО и еден американски војник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.