Вучиќ со папата: Ватикан го задржува ставот и сака мирно решение меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со папата Франциско изјави дека Ватикан води сериозна политика и ќе го задржи ставот за Косово.

 

-Многу го цениме принципиелниот став на Светата Столица во врска со непризнавањето на еднострано прогласената независност на Косово, како и разбирањето на позицијата на Србија заснована врз почитувањето на меѓународното право, потенцирал Вучиќ кој се заблагодарил за конструктивниот пристап на Светата столица по ова прашање, се наведува во соопштението на неговиот Кабинет по средбата со папата.

 

-Србија е цврсто убедена дека разговорите претставуваат единствен начин за решавање на сите отворени прашања, поради што и по воведувањето на таксите, се воздржавме од реципрочни мерки и какви било чекори што дополнително би ја искомплицирале сегашната состојба…продолжувајќи да преземаме конструктивна посветеност за изнаоѓање одржливо и компромисно решение за прашањето на Косово, единствено преку дијалог. Но, Приштина спречува секаков дијалог и договор, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

 

Во изјавата за новинарите по средбата, српскиот претседател истакна дека Ватикан сака разговори и мирно решение меѓу Србите и Албанците.

 

Тој изјави и дека би сакал папата да ја посети Србија, но потсети дека за тоа е потребна согласност од Српската православна црква.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.