Меркел – Брнабиќ: Србија и Германија има само една точка на недоразбирање, а тоа е Косово

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Берлин разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји.

 

По средбата, на прес-конференцијата Меркел изјави дека разговарала со српската премиерка за Берлинскиот процес, успешната економска соработка и за потребата на реформи во правосудството.

 

– Почувствував волја и подготвеност работите да се подобрат, што е тесно поврзано со напредокот во процесот на пристапување во ЕУ, изјави Ангела Меркел, додавајќи дека доста тоа е направено.

 

На средбата се разговарало и за регионот, за што германската канцеларка наведе дека Берлинскиот процес се покажал како користен и довел до разни можности за соработка.

 

Меркел посочи и дека треба да се продолжи со работата за приближување кон решението за Косово и дека Германија ќе продолжи да го поддржува развојот на Србија.

 

Српската премиерка истакна дека Косово е единствената точка на недоразбирање меѓу Белград и Берлин, но и дека Германија е еден од најважните партнери.

 

– Колку и да понекогаш не се согласуваме, најважно е да разговараме, да ги слушнеме мислењата и советите и да видиме дали можеме заедно да ги приближиме ставовите и да дојдеме до долгорочно и одржливо решение. Без историското помирување на Србите и Албанците, нема да има иднина за Балканот, посочи Брнабиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.