Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Американскиот претседател Доналд Трамп, за евентуалната интервенција во Иран изјави дека само со еден телефонски повик САД можат да влезат во која било земја, јави агенцијата Анадолија.

 

Трамп, анализирајќи ја изградбата на ѕидот во Калифорнија, на границата со Мексико, ги информираше новинарите за тамошниот процес, а за евентуалната американска интервенција во Иран рече дека „секогаш е лесно да се интервенира“.

 

– Со време ќе видиме што ќе се случи на Блискиот Исток. Секогаш е лесно да се интервенира. Само со еден телефонски повик можеме да влеземе во која било земја. Не е услов тоа да се случи денес. Може да се случи утре, може да се случи по две недели, рече Трамп.

 

Во врска со минатонеделното разрешување на Џон Болтон од функцијата советник за национална безбедност на Белата куќа, Трамп истакна дека имале различни мислења по многу прашања.

 

– Луѓето како Болтон сакаа да влезат во Ирак и работите не минаа добро. Станавме полиција на Блискиот Исток. Тоа е застрашувачки, рече американскиот претседател.

 

Истакнувајќи дека со изградбата на ѕидот на јужната граница на САД ќе биде решена илегалната мигрантска криза, Трамп рече дека „отсега натаму нема да можат да доаѓаат повеќе луѓе“, пренесува Анадолија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.