Европски производители на автомобили: Брегзит без договор би имал катастрофални последици

Евентуален брегзит без договор би имал катастрофални последици врз водечките вропски производители на автомобили.

 

Тие предупредуваат дека во случај на брегзит без договор врз автомобилите и минибусите ќе се воведат царини и такси според правилата на СТО што ќе ги чинат производителите и потрошувачите околу 5,7 милијарди евра.

 

– Брегзоит не е само британски проблем, изјави Кристијан Пежо, претседател на француската организација на проиозводители на автомобили. Според него не само извозниците во Британија туку и производителите таму ќе бидат „неизбежно негативно погодени“.

 

– Само во Велика Британија цената на една минута запирање на производтсвото е 54.700 евра, нагласуваат производителите.

 

Британската автомобилска индустрија е речиси во целост во сосптевност на странски фирми и е зависна од фабрики во сопственост на германски, француски и јапонски производители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.