Руските комунисти бараат апсење на Арнолд Шварценегер

Комунистичката партија на Русија го повика Истражниот комитет на Русија да покрене кривична истрага против актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, како одговор на приведувањето и испрашувањето на руската пратеничка Инга Јумашева од страна на ФБИ во Њујорк, пренесува „Спутник“.

 

Според партијата, Москва треба да го приведе актерот за да ги спречи САД да ги оживеат валканите методи од времето на Студената војна. Активистите се понудиле да ја поддржат идејата на Шварценегер за легализација на марихуаната како изговор за случај против него.

 

Засега, нема реакција од Шварценегер на прилично необичното барање од руските комунисти.

 

Јумашева, која е членка на Државната дума, беше приведена од ФБИ додека одела кон форумот „Форт Рос дајалог“. Според рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, агентот еден час ѝ поставувал нејасни и неприфатливи прашања, а потоа и понудил да ја однесе во блиското кафе на неформален разговор.

 

Руската амбасада испрати протестна нота до американскиот Стејт департмент, но допрва треба да добие официјално објаснување за инцидентот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.