Шкотскиот суд го отфрли барањето за донесување наредба за Џонсон

Шкотскиот суд го отфрли барањето на активистите за донесување наредба со која ќе се принуди британскиот премиер Борис Џонсон да бара одложување на брегзитот доколку не постигне договор со ЕУ за помалку од две недели.

 

„Владата прифаќа да води политика во согласност со законот од 2019 година. Имајќи го предвид јасно изразениот став на владата пред судот, нема потреба за принудни наредби за владата или премиерот“, истакна судијата.

 

Адвокатот Џо Могам, еден од поднесувачите на барањето, додаде дека утре ќе поднесе жалба до шкотскиот највисок суд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.