Русија е против вклучување на САД во преговорите за Украина

Русија го отфрли предлогот САД да се вклучат во преговорите за решавање на судирот меѓу владата во Киев и проруските сепаратисти на истокот на Украина.

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека нема поддршка за идејата Вашингтон да му се придружи на нормандискиот формат во обидот да се реши тој судир. Форматот ги опфаќа Русија, Украина, Германија и Франција.

 

Песков, сепак, додал дека САД може да го искористат своето влијание во Украина реагирајќи на изјавата на белорускиот претседател, Александар Лукашенко, дека судирот во Украина нема да може да се реши без учество на САД.

 

„Ставот дека САД на крајот ќе мора да му се придружат на форматот нема поддршка. Сепак, САД сигурно може да го искористат своето влијание во Киев како би се осигурало дека Украина ќе ги исполни своите обврски од договорот од Минск што е можно побргу“, додал тој говорејќи за мировниот договор од 2015 година, кој сè уште не е спроведен во целост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.