Авион на „Етиопијан ерлајнс“ принудно слета во Дакар

Патнички авион на „Етиопијан ерлајнс“ принудно слетал на аеродромот во главниот град на Сенегал, Дакар, неколку минути по полетувањето, соопшти портпаролот на аеродромот.

 

Тој рече дека авионот слетал откако се запалил моторот, истакнувајќи дека во инцидентот нема повредени.

 

Авиокомпанијата потврди на „Твитер“ дека авионот слетал неочекувано на меѓународниот аеродром во близина на Дакар. Компанијата истакна дека патниците се упатуваат на други летови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.