Српски цариници пронајдоа пијалаци, пари и злато во автомобил на Бугари, оделе на свадба во Германија

Српските цариници спречија обид за шверц на повеќе од еден и пол килограм златен накит и над 90 шишиња виски и ракија на преминот Градина.

 

Прекршокот е откриен кога „мерцедес спринтер“ со бугарски регистарски таблички пристигнал на влезот во земјата за контрола. Со автомобилот од Бугарија за Германија патувале две брачни двојки бугарски државјани.

 

Тие им кажале на цариниците дека патуваат во Германија на свадба и дека немаат што да пријават освен личниот багаж.

 

По темелниот преглед на комбето и багажот, цариниците пронашле неколку кутии со 51 шише виски „џони вокер“ и 40 шишиња бугарска ракија од грозје.

 

Понатамошната контрола открила непријавен златен накит вреден повеќе од 40.000 евра.

 

Една патничка имала скоро 900 грама златни ѓердани, нараквици, обетки и прстени. Кај друга се пронајдени над 470 грама, а кај еден маж пронашле околу 340 грама непријавен златен накит.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.