Целосно прекината хуманитарната помош за сириските Курди поради офанзивата

Сириските курдски власти денеска објавија дека „целосно е прекината“ хуманитарната помош во областа под нивна контрола во северна Сирија, каде што Турција неодамна започна воена офанзива против курдските борци.

 

„Ситуацијата со раселените лица во областа се влошува како резултат на (турската) агресија и хуманитарната помош е целосно прекината како и сите активности на сите меѓународни организации поради повлекувањето на нивниот персонал“, соопштија курдските власти.

 

Турската воена офанзива наиде на осуда од голем дел од меѓународната заедница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.