Најмалку 170 повредени во судирот на полицијата и демонстрантите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени во судирот на каталонските сепаратисти и полицијата на аеродромот во Барселона, соопштија денеска каталонските власти.

 

Немирите избувнаа за време на демонстрациите кои започнаа по осудувањето на деветтемина каталонски службеници на казна затвор од 9 до 13 години поради нивната улога во обидот да ја одделат Каталонија во 2017 година.

 

Три лица беа уапсени, а  меѓу повредените се 40 полицајци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.