Меѓународна истрага за педофилија на интернет - уапсени 338 лица ширум светот

Американските правници задолжени за борба против педофилијата денес соопштија дека уапсени се 338 лица во 38 земји во рамки на истрага за интернет страници за детска порнографија кои видеата ги продавале во замена за криптовалути „биткоин“, јавија светските агенции.

 

Веб-страницата „Добредојдовте на Видео“ (Welcome To Video) била затворена во март 2018 година, а на истата биле прикачени над 250.000 видеа, соопштија властите.

 

Судските власти уапсија и обвинија лица од САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Германија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Чешка, Канада, Ирска, Шпанија, Бразил и Австралија, соопшти министерството за правда на САД.

 

Во извештајот се вели дека истрагата помогнала за спасување на најмалку 23 малолетни жртви во САД, Велика Британија и Шпанија кои биле злоупотребени од корисниците на страницата. Многу од децата на видеата сè уште не се идентификувани.

 

Welcome To Video е една од првите веб-страници која наплаќала детската порнографија со биткоини, што им овозможило на корисниците да ги кријат своите идентитети за време на финансиските трансакции, соопшти американското министерство за правда.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.