Би-би-си: Ердоган во канта го фрлил писмото од Трамп


Писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, до турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, заврши во канта, пренесува Би-би-си повикувајќи се на неименувани извори од турското претседателство.

 

„Претседателот Ердоган го прими писмото, целосно ја отфрли неговата содржина и го фрли во канта“, потврдиле изворите.

 

Во писмото, датирано од 9 октомври, испратено по повлекувањето на американските сили од Сирија, Трамп му порачал на Ердоган да не биде „опасен и луд тип“.

 

Всушност, на денот кога започна турската офанзива во североисточна Сирија, Трамп го предупредил Ердоган дека ако ситуацијата во Сирија не се реши хумано, во историјата ќе остане запаметен како ѓавол.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.