Авион со средношколци се лизнал од пистата во Алјаска, има повредени

Патнички авион со 38 патници, меѓу кои и средношколци, членови на пливачкиот тим, се лизнал од пистата кога се обидел да слета на аеродромот во градот Уналаска, во близина на Беринговото Море.

 

Медиумите јавуваат дека неколку лица биле пренесени со амбулантни возила, а еден службеник во училиштето изјавил дека членовите на пливачкиот тим биле во ред и отишле да јадат пица по инцидентот.

 

Според АП,  тоа се случило во четвртокот, околу 5 часот по локално време, на Алеутските Острови.

 

Шефот на националниот одбор за безбедност при транспортот на Алјаска, Клит Џонсон, изјавил за локалната телевизија дека не може да каже засега дали некој загинал во инцидентот.

 

Портпаролот на Федералната управа за воздухопловство Ален Кениер, во мејлот упатен до американската агенција соопштил дека локалните власти пријавиле дека покрај патниците, во авионот имало и тројца членови на екипажот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.