Воз со фудбалски фанови се запалил во Берлин

Три лица се повредени во пожар на еден од вагоните на долгиот воз во Берлин. Ова беше објавено на Твитер од градската противпожарна служба, пренесуваат медиумите.

 

Инцидентот се случил на станицата Белевју во центарот на германската престолнина. Причината за пожарот не е позната.

 

„Вагонот е тешко оштетен. Три лица се полесно повредени“, изјавиле спасувачите.

 

Според весникот „Берлинер Моргенпост“, специјалниот вагон за навивачите на фудбалскиот клуб Фрајбург се запалил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.