Во Сирија најверојатно е убиен лидерот на Исламска Држaва, Абу Бакр ел-Багдади

Во американска воена операција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ел-Багдади, пренесоа сите светски агенции.

 

Неименуван американски претставник за агенцијата АП изјави дека ел-Багдади синоќа бил цел на напад на нивните сили во Идлиб и дека се очеува потврда дека тој навистина е убиен во акцијата на американските специјалци.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа на „Твитер“ напиша: „Нешто големо штотуку се случи“.

 

Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли, изјави дека Трамп во текот на денот ќе има обраќање по овој повод.

 

Ирак, од друга страна, за „Ројтерс“ веќе потврди дека има информација од свои извори во Сирија дека ел-Багдади е убиен, во напад на американски специјални единици врз ќелија на групата.

 

„Нашите извори од Сирија на разузнавачите им потврдија дека тој е убиен, заедно со неговиот личен телохранител, откако неговото скривалиште во Идлиб било откриено, додека се обидувал да го извади своето семејство од регионот и да ги одведе кон турската граница“, изјавил ирачкиот извор од Сирија.

 

ДПА јави дека ел-Багдади бил нападнат во рација во северо-западна Сирија, а ЦИА помогнала во неговото лоцирање.

 

„Њусвик“, исто така, објави за рацијата, додавајќи дека неа Трамп ја одобрил уште пред една недела.

 

Конечната потврда се чека по спроведените ДНК и биометриски тестирања, изјавија извори за Си-ен-ен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.