Трамп: Лидерот на ИДИЛ умре како куче, заедно со трите негови деца

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди смртта на водачот на групата ИДИЛ, Абу Бакр ал-Багдади, во операција на американските специјални сили во Сирија во саботата, јавија агенциите.

 

„Багдади почина како куче“, објави Трамп пред Белата куќа. Тој додаде дека водачот на ИДИЛ експлодирал со трите свои деца активирајќи го неговиот експлозивен појас додека го гонеле во тунел без излез во неговото скришно место во северозападната сириска провинција Идлиб.

 

„Тоа беше одлична ноќ за САД и светот“, рече Трамп. Тој додаде дека многу од соработниците на Багдади биле ликвидирани за време на операцијата, при што точниот број би бил објавен во подоцнежна фаза. Вооружените сили на САД не претрпеа жртви, при што е повредено само едно специјално тренирано куче.

 

Американските командоси веќе два часа се наоѓаа во скривалиштето на лидерот ИДИЛ, рече Трамп. И тој откри дека ја надгледувал специјалната операција. „Тоа беше како филм“, коментира тој и предложи видеото да се објави.

 

Трамп им се заблагодари на Русија, Турција, Сирија, Ирак и Курдите за нивната помош. Москва помогна во операцијата, иако не знаеше која е целта, истакна американскиот претседател.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.