Москва не верува во американската објава за убиството на Багдади

Руското министерство за одбрана изрази скептицизам кон објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади е убиен во американски воздушен напад во Сирија.

 

Министерството преку соопштение наведува дека во саботата не биле регистрирани никакви воздушни удари во зоната на Идлиб, каде, според американските објави, се случила операцијата.

 

Трамп изјави дека американски воени хеликоптери ја надлетувале територијата под контрола на руски и сириски сили, пред да слетаат во објектот во кој се криел Багдади.

 

Во руското соопштение се наведува дека министерството не е запознато со „каква било наводна помош за надлетување на американски летала во воздушниот простор од зоната за деескалација во Идлиб за време на таа операција“.

 

Руското министерство исто така сугерира дека е малку веројатно Багдади да бил присутен на таа територија, бидејќи таа е под контрола на сириските владини сили или на локалниот огранок на Ал Каеда, кој е конкуренција на Исламска држава, пренесе Асошиејтед прес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.