Триумфализмот поради убиството на Ал-Багдади може да поттикне нов циклус насилство

Убиството на Абу Бакр ал-Багдади од страна на американските трупи може да им даде нов поттик на Исламската држава и другите терористи во областа, предупредуваат експертите од Блискиот Исток.

 

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во рација во провинцијата Идлиб во Сирија бил убиен лидерот на ИД, кој активирал самоубиствен елек кога бил притеснат во тунел.

 

ИД под раководство на Ал-Багдади освои големи делови од Ирак и од Сирија, ги прекина врските со Ал каеда и се појави како уште понасилна терористичка организација одговорна за бомбашки напади, тортура и геноцид врз Језидите во 2014 година. Багдади беше недостапен со години, при што повремено се појавуваа извештаите за негово убиството бидејќи неговиот калифат беше уништен со заедничко залагање на ирачките, сириските, руските и на американските сили со помош на курдските и другитете милиции.

 

Поранешниот официјален претставник на Пентагон, Мајкл Малуф, изрази загриженост дека неговата смрт ќе ѝ даде на ИД нов поттик да продолжи.

 

Експертот за Блискиот Исток, Николас Дејвис, вели дека убиството на Ал-Багдади, како и другите рации, може само да инспирираат некои луѓе за поголемо насилство.

 

„Всушност, истражувањето во Сирија откри дека, на пример, повеќето луѓе им се придружуваат на овие вооружени групи заради самозаштита - да се заштитат себеси, своите семејства или нивните заедници кога нивните животи биле дестабилизирани од ваквите антитерористички операции или инвазии на странски сили“, тврди Дејвис.

 

Малуф смета дека многу зависи од идентитетот на идниот лидер и дали тој ќе биде толку харизматичен и обединувачки затоа што разни фракции на ИД имаат разни мислења за тоа кој треба да ја предводи организацијата. Тој дури посочи дека групата би можела повторно да се соедини со Ал каеда бидејќи раздвојувањето беше резултат на личниот конфликт на Ал-Багдади со својот лидер Ајман ал-Завахири.

 

Смртта на Ал-Багдади доаѓа во услови на сагата со импичментот на Трамп во САД. Иако убиството на клучниот воен непријател во светот привремено би можело да му помогне на Трамп како победа на надворешната политика, малку е веројатно дека ќе се намали жестината на радикалните демократи да се почне постапка за импичмент, смета Малоуф.

 

„Згора на сè, може да има некои аргументи кои ќе кажат дали сето ова било оркестрирано за да се одвратат сите од импичментот“, истакна тој.

 

И додека Трамп ѝ изрази благодарност на Москва за олеснувањето на операцијата, руското Министерство за одбрана посочи дека не регистрирале какви било напади на американската коалиција во областа Идлиб во моментот на рацијата во саботата. Изјавата на американскиот претседател треба да се земе со извесна резерва, се согласи Дејвис.

 

„Знаете дека ова се само грозни и мрачни пропагандни вежби кога излегуваат пред камерите и најавуваат дека го убиле најголемиот терорист во светот. Па, можеби целата работа е чиста пропаганда. Тоа е сосем можно“, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.