Германија: Иран го доведува во ризик целиот нуклеарен договор

Германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас, предупреди дека најновото отстапување на Иран од нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година би можело да го уништи целиот договор.

 

Мас изјави дека одлуката на Иран да користи поголем број напредни центрифуги за производство на збогатен ураниум е неприфатлива и оти на крајот Иран го ризикува целиот нуклеарен договор.

 

Шефот на иранската нуклеарна програма денеска рече дека Техеран сега користи 60 напредни центрифуги ИР-6, што е во спротивност со договорот за нуклеарната програма со светските сили. Тоа значи дека Иран сега работи со двојно повеќе напредни центрифуги од порано.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.