Трамп: Време е да им се објави војна на нарко картелите во Мексико


Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер порача дека е подготвен да испрати војска во Мексико по масакрот во кој беа убиени девет члена на американско мормонско семејство.

 

„Прекрасно семејство и пријатели од Јута се жртви на меѓусебна пресметка на нарко банди. Ако Мексико побара наша помош да се ослободи од тие чудовишта, Соединетите Американски Држави стојат на располагање, спремни сме да сме вмешаме и да ја сработиме работата брзо и ефикасно. Нарко картелите станаа големи и моќни, понекогаш е потребна војска за да порази војска“, напиша Трамп.

 

„Дојде време Мексико, со помош на Соединетите Држави, да им објави војна на нарко картелите и да ги збрише од лицето на Земјата. Едвај го чекаме повикот од вашиот сјаен нов претседател“, додаде Трамп.

 

Најмалку пет државјани на САД, мајка и четири деца, беа убиени во насилен напад, извршен од наркокартел во северниот дел на Мексико.За жртвите се вели дека се членови на семејството Лебарон, поврзани со отцепената заедница Мормон, која се населила во Мексико пред неколку децении.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.