Мајкл Блумберг размислува да се кандидира за претседател

Милионерот Мајкл Блумберг сериозно размислува да влезе во трката за претседателска номинација на американската Демократска партија, објави Би-би-си.

 

Поранешниот градоначалник на Њујорк смета дека сегашните кандидати не се доволно добри за да го победат Доналд Трамп на изборите во 2020 година, британскиот сервис го цитира неговиот советник.

 

Се очекува 77-годишниот бизнисмен да поднесе документи оваа недела за да добие шанса за номинација на Демократската партија на изборите во Алабама.

 

Вкупно 17 демократски кандидати се борат против претседателот Трамп.

 

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот на Масачусетс, Елизабет Ворен, и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, се предводници во трката за номинација.

 

Нajновите анкети покажаа дека Ворен и Сандерс - кои се сметаат за лево од Бајден - може да загубат против републиканецот Трамп долку еден од нив ја добие номинацијата на партијата.

 

Според Би-би-си, досега тројца републиканци се подготвени да го оспорат Трамп во примарниот натпревар во партијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.