Австрија поведе обвинение против офицер кој 25 години шпионирал за Русија

Австриското обвинителство пред покраинскиот суд во Салцбург поведе обвинение против 71-годишен пензиониран офицер на австриската војска поради шпионажа.

 

Тој е обвинет дека 25 години шпионирал за руската воена разузнавачка служба.

 

Полковникот во пензија е обвинет за дејствување во корист на странска разузнавачка служба на штета на Австрија, како и издавање државни и воено-разузнавачки тајни. Тој за време на своето дејствување издавал тајни за вооружените воени системи, задачи и структури за одбрана на земјата. За својата шпионска активност добил повеќе стотина илјади евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.