Поради штрајкот, „Луфтханза“ откажа 600 лета

Германската авиокомпанија „Луфтханза“, денеска, откажа околу 600 лета поради штрајкот на екипажот, кој почна вчера. Најавено е дека штрајкот ќе трае 48 часа, а вчера беа откажани 700 лета.

 

Со тоа се погодени речиси 180.000 патници, соопшти компанијата.

 

Синдикатот организира штрајк за спорот со „Луфтханза“ во врска со платите и правниот статус на синдикатот. Иако штрајкот треба да заврши денеска, од компанијата соопштија дека и утре ќе има последици во листата на летови бидејќи некои авиони и екипажи треба да се вратат на соодветните локации.

 

Синдикатот ги заштитува интересите на речиси 21 илјада вработени во „Луфтханза“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.