Додик: Му благодарам на Макрон што соопшти дека БиХ е темпирана бомба

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека му е благодарен на францускиот претседател, Емануел Макрон, за неговата изјава дека БиХ е темпирана бомба и претставува опасност за Европската Унија поради исламскиот тероризам.

 

„Му благодарам на претседателот Макрон што на светската, но и на својата јавност, ѝ ја соопшти вистината на која подолго време укажувам кога е во прашање БиХ, а поради што трпев критики од некои од меѓународната заедница, на кои не им одговараше вистината за состојбата во БиХ“, вели Додик. Тој додаде дека Макрон признал оти уредувањето на БиХ претставува опасност за ЕУ поради исламскиот тероризам и џихадистите што се регрутирани во БиХ, а војувале во Сирија, Ирак и други земји, и сега се враќаат во земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.