Шпанија: Анкети покажуваат дека се намалува бројот на поддржувачи за независоност на Каталонија

Независноста на Каталонија ја поддржуваат 41,9 отсто жители на таа шпанската покраина, додека 48,8 проценти се против, според анкета на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење.

 

Анкетата била спроведена од 16. септември до 7. октомври, пред да бидат осудени каталонските сепаратисти, а испитаниците одговорале на прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава?“, пренесе агенцијата „Танјуг“.

 

Анкетата покажа дека бројот на оние кои бараат отцепување од Шпанија опаѓа, бидејќи пред референдумот во 2017 година за самостојност биле 48,7 проценти од анкетираните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.